Индија ја препродава руската нафта, тврди Трамп

32

Доналд Трамп изјави дека Индија заработува пари со препродажба на руска нафта, и покрај војната на Русија против Украина. Затоа вети значително зголемување на царините што Индија им ги плаќа на Соединетите Држави.

Во објава на платформата Truth Social, Трамп ги обвини индиските власти дека не се грижат за бројот на жртви во Украина. Според него, Индија не само што купува големи количини руска нафта, туку и ја продава на отворениот пазар со огромен профит.

„Индија не само што купува огромни количини руска нафта – потоа продава значаен дел од таа нафта на отворениот пазар со огромен профит. Не им е грижа колку луѓе се убиени во Украина од страна на руската воена машинерија. Затоа значително ќе ги зголемам царините што Индија им ги плаќа на Соединетите Држави. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање!“, напиша Доналд Трамп.

Индиската влада наводно е подготвена да престане да купува руска нафта за да склучи трговски договор со САД.

Како што објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори, Белата куќа ја предупреди Индија дека заканите на Трамп за царини до 100 проценти се сериозни. Според американските претставници, Индија „ја храни воената машина на Кремљ“, купувајќи речиси половина од целиот руски извоз на нафта. Доколку престане да купува, Русија ќе мора да складира нафта во танкери, да троши повеќе за транспорт и да дава попусти на новите купувачи.

ИЗДВОЕНИ