Индија возврати на повторените критики од САД и Европската Унија во врска со нејзините купувања на руска нафта, велејќи дека е неправедно издвоена, бидејќи двете страни продолжуваат да тргуваат интензивно со Москва и покрај војната во Украина.
Во ретка демонстрација на политичко единство, и владејачката партија Бхаратија Џаната (БЏП) на премиерот Нарендра Моди и главната опозициска партија Конгрес ги осудија повторените критики на американскиот претседател Доналд Трамп кон Њу Делхи.
Министерството за надворешни работи на Индија доцна во понеделникот издаде соопштение во кое се вели дека е „индикативно дека самите земји што ја критикуваат Индија самите активно тргуваат со Русија“.
„Неправедно е да се издвои Индија како единствен виновник“, се вели во него.
Министерството наведе податоци што покажуваат дека ЕУ остварила трговија со Русија во вредност од 67,5 милијарди евра во 2024 година, вклучувајќи рекорден увоз на течен природен гас (ЛНГ), кој достигна 16,5 милиони метрички тони.
Исто така, беше забележано дека САД продолжуваат да увезуваат руски ураниум хексафлуорид за потребите на нуклеарната индустрија, како и паладиум, ѓубрива и хемикалии. Министерството не даде извор за податоците за увозот од САД, наведува „Гардијан“.