Дел од крило на авион на „Делта Ерлајнс“ делумно се одвои за време на летот пред слетувањето во Тексас, објавија денес американските медиуми.
Патниците на „Боинг 737“, кој леташе од Орландо, Флорида до Остин, забележаа дека дел од крилото се одвоило во еден момент, објави Newsweek.
Авионот слета безбедно во Остин, а потоа беше испратен на поправки откако беше утврдено дека дел од левиот закрила се одвоил. Компанијата им се извини на патниците за непријатностите, нагласувајќи дека безбедноста на персоналот и клиентите е на прво место.
Видео снимка направена од еден од патниците покажува дел од крилото како виси во воздух за време на летот. Во авионот имало 62 патници и шест члена на екипажот, а никој не е повреден во инцидентот.
Федералната администрација за воздухопловство го истражува инцидентот. Ова е најновиот во низата инциденти во кои се вклучени авиони на „Делта Ерлајнс“ оваа година, објави „Њузвик“.
Во февруари, 21 лице беа повредени, некои сериозно, кога авион „Бомбардиер“ на авиокомпанијата се преврте при обид за слетување на меѓународниот аеродром во Торонто, додека во април, авион на „Делта“ се запали на аеродромот во Орландо.