Американскиот претседател Доналд Трамп влезе во жестока расправија со австралискиот новинар Џон Лионс за време на интервју за телевизијата „Блумберг“, ветувајќи дека ќе му се пожали на лидерот на неговата земја. Трамп го критикуваше начинот на кој беше поставено прашањето и најави средба со австралискиот премиер Албанезе во Њујорк.
Американскиот претседател Доналд Трамп се скара со австралискиот новинар Џон Лионс за време на интервју за телевизијата „Блумберг“ околу прашање за неговите деловни активности. Трамп вети дека ќе му се пожали на лидерот на својата земја за начинот на кој е поставено прашањето.
Новинарот го праша претседателот дали сегашниот лидер на САД треба да биде „толку активно вклучен во деловните работи“. Трамп ги отфрли критиките и нагласи дека неговите деца се вклучени во деловните активности, имплицирајќи дека нивното вклучување е легитимно.
Потоа Трамп го праша Лионс од каде е, а тој одговори дека е од Австралија.
„Според мене, во моментов правите голема штета на вашата земја. Австралиските власти се многу заинтересирани да се согласат со мене. Вашиот лидер наскоро доаѓа тука да ме посети. Ќе му кажам за вашите лоши манири – можеше да го поставите ова прашање на поучтив начин“, рече американскиот претседател.
По овие зборови, новинарот се обиде да ја продолжи полемиката, но Трамп му нареди да молчи.
Трамп претходно најави дека наскоро ќе се сретне со австралискиот премиер Ентони Албанезе, кој ќе пристигне во Њујорк на 22 септември за сесијата на Генералното собрание на ОН.