Инцидент во Стокхолм: Автомобил влетал во толпа пред Кралската палата – две лица се повредени

123

Две лица се повредени денеска откао автолобил влетал во толпа луѓе пред Кралската палата во центарот на Стокхолм, објави шведскиот јавен сервис „СВТ“.

Инцидентот се случил околу 16 часот и триест минути, а полицијата, брзата помош и пожарникарите веднаш пристигнале на местото на несреќата.

Според информации на полицијата, две повредени лица се превезени во болница со тешки повреди.

Возачот на автомобилот, кој останал на местото на несреќата и соработувал со полицијата, е уапсен и е осомничен за немарно однесување во сообраќај и предизвикување тешки телесни повреди.

Портпаролот на полицијата Матс Ериксон ја исклучи можноста дека станува збор за терористички напад или дека несреќата е намерно предизвикана.

ИЗДВОЕНИ