Лондонската кула е затворена за јавноста по инцидентот во кој беше оштетена витрина што ја содржеше Империјалната круна, еден од највредните кралски скапоцености во Велика Британија. Инцидентот се случил во сабота наутро, а полицијата брзо реагирала, објавува „Скај њуз“.
APPLE CRUMBLE AND CUSTARD ALL OVER THE CROWN JEWELS
A group calling themselves ‘Take Back Power’ smeared apple crumble & custard over a glass box containing the Crown Jewels in the Tower of London
Deport The Darky & Jail The Whitey pic.twitter.com/zwTB2cxAIH
— James Goddard (@JamesPGoddard90) December 6, 2025
Полицијата потврди дека четворица демонстранти се уапсени откако, според првичните информации, била фрлена храна врз заштитната витрина. Инцидентот се случил непосредно пред 10 часот по локално време.
Во официјалното соопштение се наведува дека полицијата веднаш интервенирала во соработка со обезбедувањето.
„Полициските службеници тесно соработувале со полицијата и обезбедувањето на градот Лондон, а четири лица биле уапсени под сомнение за кривично дело оштетување на имот. Тие биле приведени“, соопшти полицијата.
Познатата лондонска знаменитост ќе остане затворена до понатамошно известување. „Кулата е затворена за јавноста додека трае полициската истрага“, додадоа тие.












