четврток, февруари 26, 2026
Дома СВЕТ Инцидент во Шведска: Дрон неутрализиран на 10 километри од францускиот носач на...

Инцидент во Шведска: Дрон неутрализиран на 10 километри од францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“

41

Дрон бил пресретнат на околу 10 километри од пристаништето Малме, каде што е стациониран францускиот носач на авиони Шарл де Гол, објавија денес француските медиуми.

Шведските сили во среда го откриле и неутрализирале дронот додека се приближувал кон носачот на авиони Шарл де Гол, кој моментално е закотвен во Малме, Шведска, објави Генералштабот на француските вооружени сили, пренесува BFM TV.

Прецизирано е дека дронот бил пресретнат на приближно 10 километри од пристаништето, а не се познати дополнителни детали.

Францускиот носач на авиони е во оваа област бидејќи е планирано да учествува во мисијата на НАТО „Балтичка гарда“ во Балтичкото Море, која има за цел да ги одврати заканите за подводната инфраструктура по прекините на каблите, за што западните земји ја обвинија Москва.

ИЗДВОЕНИ