Американските власти бараат 10 затвореници кои избегаа од Центарот за правда во Орлеанс во Њу Орлеанс, изјави денес локален шериф.
Според Си-ен-ен, полицајците ги откриле исчезнатите затвореници за време на рутинско пребројување во 8:30 часот наутро, изјави шерифката на округот Орлеанс, Сузан Хатсон.
Според филијалата на Си-ен-ен, WVUE, 11-те затвореници кои избегале се: Антоан Маси, Лентон Ванбурен, Лео Тејт, Кендел Мајлс, Дерик Гроувс, Џермејн Доналд, Кори Бојд, Гари Прајс, Роберт Муди, Дкенан Денис и Кит Луис.
Полицијата на државата Луизијана објави на социјалната мрежа X дека го заробила Кендел Мајлс и објавила негова фотографија.
Мајлс се обидел да избега кога полицајците се обиделе да го сопрат, но брзо бил фатен, соопшти полицијата. Според записите од округот Орлеанс, Мајлс претходно бил обвинет за обид за убиство од втор степен.
Како што пренесува Си-ен-ен, записите покажуваат дека затворениците се соочуваат со различни обвиненија. Неколку од нив беа обвинети за убиство. Други обвиненија вклучуваат тежок напад со огнено оружје и лажно затворање со оружје.
Канцеларијата на шерифот ја предупреди јавноста да биде внимателна поради исчезнатите затвореници, кои се сметаат за вооружени и опасни.