недела, август 30, 2026
Дома СВЕТ Инцидент во Марсеј: Напаѓачи на скутер пукале во наргиле бар – едно...

Инцидент во Марсеј: Напаѓачи на скутер пукале во наргиле бар – едно лице е убиено, а четири се повредени – возилото е пронајдено изгорено

51
Фото:википедија

Пукање во наргиле бар од скутери во движење, едно лице убиено, четири се повредени – возилото е пронајдено изгорено
Едно лице е убиено рано утрово, а четворица се повредени, едно потешко, во пукање во наргиле бар во Марсеј, објавија денес француските медиуми.

Осумнаесетгодишник е убиен, четири лица на возраст меѓу 17 и 23 години се повредени, а едно е во критична состојба, објавува „Фигаро“.

Весникот наведува дека две лица дошле во барот со скутер, по што едно од нив отворило оган врз барот со автоматски пиштол.

На местото на настанот се пронајдени осум чаури од 9 мм, додека скутерот на сторителите подоцна е пронајден, но целосно изгорен.

„Покрената е истрага за убиство и обид за убиство извршено од организирана криминална организација, а случајот е доделен на Одделот за организиран и специјализиран криминал (DCOS)“, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител на Марсеј, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ