Инцидент во Лос Анџелес: Најмалку 20 лица се повредени, од кои 5 критично, откако утринава возило удри во толпа луѓе

146
Фото:принтскрин

Противпожарната служба на Лос Анџелес (LAFD) соопшти дека има „повеќекратни повреди“ на местото на несреќата на булеварот Санта Моника, во близина на Холивуд, и дека „непознато возило“ удрило во толпа луѓе, објавува American Sun.

Беше објавено дека најмалку пет лица се во критична состојба, осум до десет во сериозна состојба, а околу десетина се здобиле со полесни повреди, пренесува „Танјуг“.

Снимките од местото на настанот покажуваат неколку луѓе како лежат на патот околу оштетен сив автомобил кој се искачил на тротоарот.

 

„LAFD моментално координира тријажа и транспорт на пациенти“, соопшти Противпожарната служба, истакнувајќи дека инцидентот се случил во близина на раскрсницата на булеварот Санта Моника и авенијата Вермонт.

Сведоци рекоа дека за време на тепачката, во која учествувале 15 лица, биле испукани куршуми.

ИЗДВОЕНИ