вторник, февруари 10, 2026
Дома СВЕТ Инцидент во Лондон: Две момчиња завршија во болница откако беа избодени со...

Инцидент во Лондон: Две момчиња завршија во болница откако беа избодени со нож во средно училиште

27
Фото:википедија/OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Две момчиња, на возраст од 12 и 13 години, се превезени во болнивца откако денеска беа избодени со нож во средното училиште Кингбери во Брент, на северот на Лондон.
Полицијата добила дојава за напад околу 12 часот и 40 минути по локално време, а првите информации биле за повреден 13-годишник, пишува „Би-би-си њуз“.
Меѓутоа, дополнително е утврдено дека на истото место е нападнато и 12-годишно момче. Обајцата се згрижени од лондонската брз помош и пренесени во болница, а полицијата очекува нови информации за нивата состојба.
Полицијата соопшти дека го идетификувала осомничениот, за кој се наведува дека е тинејџер, и интензивно се трага по него.

Детективот Лук Вилијамс изјави дека е свесен дека нападот ќе предизвика „значителна загриженост“ кај локалната заедница.

„Сакаме да ги смириме локалните ученици, родителите и жителите. Ангажиравме значителнио сили на тоа подрачје и правиме се што е во наша можност да го пронајдеме осомничениот“, порача тој.

„Нашите мисли се со повредените момчиња и сакам да им се заблагодарам на болничарите и на лекарите кои се грижат за обајцата“, додаде Вилијамс.

 

ИЗДВОЕНИ