сабота, февруари 14, 2026
Дома СВЕТ Инцидент во Колорадо: Четири лица загинаа при уривање на мал авион –...

Инцидент во Колорадо: Четири лица загинаа при уривање на мал авион – во тек е истрага

12
Авионот Епик Е1000, турбомлазен авион со шест седишта, падна околу 00.30 часот по локално време со четири лица во кокпитот, соопшти Федералната администрација за авијација, пренесува АП.
Сите четири лица починале во моментот на уривањето на авионот, изјави патологот на округопт Роут, Мич Лок.
Според првичните информации на Националниот одбор за безбедност во сообраќајот, авионот се урнал во планинско подрачје под непознати околности.
ФАА И НТСБ отпочнаа истрага.
Авионот е регистриран на компанијата АЛС Авиејшн ЛЛЦ од Френклин, во сојузната држава Тенеси, но деловните податопци не е наведено лице за контакт според АП, пренесе „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ