Инцидент во Италија: Евреин и неговиот шестгодишен син биле нападнати од група која сканидирала „убијци“ и „Слободна Палестина“

67

Педесет и двегодишен Евреин и неговиот шестгодишен син беа мета на група која скандираше „Слободна Палестина“ и „убијци“ на бензинска пумпа во близина на Милано. 52-годишникот на крајот бил турнат на подот и постојано клоцан.

Според Ели, 52, Евреин кој живее во Франција, инцидентот започнал кога благајникот извикал „Слободна Палестина“ откако забележал дека тој и неговиот син носат кипа, традиционални еврејски капи.

Тој успеал да сними дел од инцидентот. Видеото прикажува низа навреди упатени кон него и неговиот син: „Вратете се во вашата земја, убијци“, „Ова не е Газа, ова е Милано, ова е Италија“ и „Порано или подоцна ќе завршите во пеколот“.

Тој рече дека сè повеќе луѓе се придружувале на вербалните навреди додека тој и неговиот син оделе кон тоалетот. Најмалку три лица почнале да го туркаат.

„Завршив на земја и тие го искористија тоа како животни, клоцајќи ме во стомакот. Потоа еден од нив се обиде да ме крене и ме удри во лицето, но успеав да го блокирам. Во средината на хаосот, го видов мојот син, кој за среќа беше однесен настрана од жена и држен во агол“, изјави Ели за весникот Ил Кориере дела Сера.

„Почнав да викам „Полиција! Полиција! Полиција!“ Дури тогаш престанаа“, додаде тој. Полицијата започна истрага за нападот, кој беше осуден од политичари и еврејски здруженија.

„Никогаш не помислив дека ова ќе ми се случи, особено не во Италија, која отсекогаш ја сметав за толерантна земја, место каде што може да се чувствува безбедно. Ваквите инциденти стануваат сè почести“, предупреди Ели.

Антисемитските инциденти се зголемија во земјите со големи еврејски заедници надвор од Израел.

ИЗДВОЕНИ