Инцидент во хрватскиот парламент: Пратеничка ја удри струја/ВИДЕО

59
screenshot video youtube

Пратеничката Далија Орешковиќ ја удри струја за време на вчерашната дебата во Хрватскиот парламент. Додека претставникот на ХДЗ, Марко Павиќ, зборуваше, Орешковиќ се наведна под пратеничката клупа. Одеднаш таа гласно вресна. Стана и почна да ја тресе раката.

„Стоп. Извинете, колега Павиќ. Дајте малку пауза. Колшеке дали сте во ред? Дали ви треба помош?“, праша потпретседателот на Парламентот, Иван Пенава.

„Ме удри струја“, одговори Орешковиќ. „Слушнав. Дали сте добро? Немојте да направите краток спој. Дали ви треба некаква помош?“, се заинтересира Пенава.

„Сè е во ред“, одговори Орешковиќ, која беше видливо шокирана.

Пратеникот Јосип Јурчевиќ ѝ се приближи и почна да го прегледува полначот.

Потоа Пенава му се извини на Павиќ што го прекина.

ИЗДВОЕНИ