Инцидент во Германија: Новоизбраната градоначалничка на Хердеке е тешко повредена во напад со нож

48

Новоизбраната градоначалничка на германскиот град Хердеке, социјалдемократката Ирис Сталцер (58), е тешко повредена во напад со нож, објавија германските медиуми.

Според полицијата, Сталцер претрпела повеќекратни убодни рани, а во градот во Северна Рајна-Вестфалија е во тек голема полициска операција, пишува германски „Шпигел“.

Деталите за нападот и идентитетот на сторителот сè уште не се познати.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази длабока загриженост, објавувајќи на платформата „Икс“ дека се надева на целосно закрепнување на политичарката.

Шталцер беше избрана за градоначалник пред нешто помалку од две недели, освојувајќи 52,2 проценти од гласовите во вториот круг од изборите.

Германските медиуми објавуваат дека градоначалничката била пронајдена сериозно повредена во нејзиниот стан и наводно претрпела повеќекратни убодни рани во стомакот и грбот.

Полицијата била повикана од нејзините посвоени деца – 15-годишен син и 17-годишна ќерка, кои биле во куќата.

Германскиот весник „Билд“ објавува дека полицијата го одвела момчето и му ставила лисици во патролно возило. Според истражителите, ова било само за да се спречи прикривање на доказите. Момчето наводно им кажало на полицајците дека неговата мајка била нападната од неколку мажи на улица.

ИЗДВОЕНИ