Инцидент во Естонија: Руски Су-35 влезе во просторот на НАТО/ВИДЕО

125

Естонските власти тврдат дека руски воен авион накратко го нарушил воздушниот простор на НАТО за време на инцидент со танкер за кој се сомнева дека ги прекршил санкциите воведени врз Русија поради војната во Украина.

Според поранешниот естонски министер за надворешни работи, Маргус Цахна, руски борбен авион прелетал над Балтичкото Море додека се обидувал да го заштити танкерот „Јагуар“, кој минатата недела беше ставен на британскиот список на санкционирани бродови.

Објавена е и снимка од инцидентот.

Естонската морнарица соопшти дека танкерот пловел во меѓународни води меѓу Естонија и Финска, ги игнорирал наредбите за промена на курсот и на крајот бил придружуван кон руските територијални води.

ИЗДВОЕНИ