Инцидент во Бугарија: Воен дрон пронајден на позната плажа/ВИДЕО

250
X screenshot

На плажата Хармани во Созопол (Бугарија) утрово бил пронајден воен дрон, што предизвика јавна љубопитност бидејќи сè уште нема официјално објаснување како се нашол таму.

Граѓаните го забележале објектот во близина на брегот околу 08:00 часот и веднаш го пријавиле, објави порталот „Новините“.

Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и го блокирала делот од плажата за да обезбеди безбедност и да спречи пристап на јавноста.

Кратко потоа, екипа за морнаричка саботажа од бугарската морнарица ја презеле ситуацијата за да ја процени и неутрализира заканата.

Околу 11:30 часот утрово, дронот беше безбедно уништен со контролирана експлозија. Според првичните извештаи, дронот веројатно бил само труп, без експлозиви во него. За среќа, немало повредени или материјална штета за време на инцидентот.

Областа останува затворена додека властите продолжуваат да го истражуваат потеклото на дронот и неговата патека на лет.

Неофицијални извори шпекулираат дека дронот би можел да биде украински, но ова сè уште не е потврдено, објавува „Телеграф“.

ИЗДВОЕНИ