Полскиот пратеник во Европскиот парламент, Валдемар Буда од партијата „Право и правда“, соопшти дека неговиот автомобил е погоден со воздушна пушка во Брисел.
На социјалната мрежа „Икс“ тој објави фотографија на која се гледа оштетениот страничен прозорец на автомобилот. „Целата страна на автомобилот е погодена од воздушна пушка, напиша Буда.
Ostrzelanie całego boku samochodu bronią pneumatyczną, pieprzona brukselska dzicz! pic.twitter.com/pYdmyYGVqq
— Waldemar Buda (@waldemar_buda) September 15, 2025
До моментот на објавувањето на веста, бриселската полиција и обвинителствто не го коментираа инцидентот, пренесува полската агенција ПАП.
Не е познато дали европратеникот бил во возилото во моментот на нападот, ниту дали има осомничени за нападот.