Еден од новите борбени авиони „Рафал“ на хрватските воздухопловни сили мораше да го откаже планираниот лет во четврток поради технички проблеми што се случија при полетувањето.
Кратко по полетувањето, пилотот одлучи да се врати и да слета во воената база во загрепското Плесо, објавува Dnevnik.hr.
Според неофицијални информации, имало проблеми со повлекувањето на тркалата.
Во моментов нема официјални изјави за причините што доведоа до слетувањето на борбениот авион „рафал“.
Хрватските воздухопловни сили и Министерството за одбрана само потврдија дека авионот слета безбедно и дека сè е направено во согласност со процедурите.
Тие не дадоа одговори на прашањата дали ова е прв ваков случај, што покажа техничкиот преглед и како се одржуваат авионите.
Инцидентот се случил кратко откако Воздухопловните сили ја презедоа контролата врз воздушниот простор од италијанските и унгарските сили.












