Инцидент пред српското Собрание: Пожар и пукање во „Чациленд“, еден повреден и еден уапсен/ВИДЕО

211
Screenshot (X/@dobrinacelnik)

На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на Владан А., кој е осомничен дека фрлал куршуми во пожарот додека горел шатор во близина на Народното собрание, а потоа пукал. Како што може да се види на видеото, кое трае неколку секунди, маж облечен во црно лежи на земја додека околу него се околу 15 полицајци. Видеото го прикажува човекот на земја меѓу автомобили.

Инаку, утрово во центаот на Белград, во шаторите поставени од поддржувачите на владата пред неколку месеци, избувна пожар, а пожарникарите се обидуваат да го изгаснат, објави репортерот на Би-Би-Си на српски од местото на настанот.

Големи бели шатори се поставени пред српскиот Парламент и со месеци блокираат еден од главните патишта во центарот на градот. Од Службата за брза помош за РТС потврдија дека е повреден 57-годишен маж.

Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот. РТС објави неофицијални информации дека причина за пожарот наводно била плинска боца. Тие биле поставени во шаторите за да ги стоплат луѓето.

Додека пожарот горел, во тек била седница на српскиот Парламент, на која пратениците гласаат за низа законски предлози.

Некои пратеници од опозицијата кои биле во српскиот Парламент во времето на инцидентот тврдат дека се слушнале и истрели.

ИЗДВОЕНИ