Инцидент над Атлантикот: Откажал моторот на авион на „Луфтханза“

184

Авион на „Луфтханза“ на летот од Њујорк за Франкфурт бил принуден да се врати поради дефект на моторот над Атлантикот, соопшти германската авиокомпанија.

„За време на искачувањето е забележано значително зголемување на потрошувачката на гориво кај еден мотор“, изјави за ДПА Луфтханза за инцидентот што се случи на 13 мај.

Пилотите потоа објавија итен случај за контрола на летот и авионот се врати на аеродромот Џон Ф. Кенеди, каде слетал и самостојно се спуштил до својата позиција, додала авио-компанијата.

Моторот во меѓувреме бил прегледан, а неисправна контролна единица била идентификувана како извор на дефектот и заменета.

„Авионот е повторно во употреба веќе неколку дена“, соопшти Луфтханза.

ИЗДВОЕНИ