Најмалку четири лица се повредени, а хеликоптери беа вклучени во спасувањето на 100 лица по несреќа со жичница на планина во северозападна Италија, соопшти противпожарната служба.
Несреќата се случила кога две кабини на жичница се судриле во близина на селото Макуњага во регионот Пиемонт, се додава во соопштението.
Генералниот директор на операторот на жичарницата, Филипо Безоци, изјави за новинската агенција „АНСА“ дека една од кабините не забавила како што се очекувало и удрила во оградата на станицата.
Тројца патници и операторот на жичаницата се повредени и сите добиле медицинска помош. Блиските скијачки патеки се затворени по инцидентот, објави „Срна“.


![[Интервју] Тамара Котевска: Приказните за Македонија допрва ќе се раскажуваат!](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/12/nas-1-450x300.jpg)









