Патник кој добил напад на збунетост и делириум се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на компанијата „ИзиЏет на летот во петокот од Лион за Порто, соопштија денеска француската полиција и авиокомпанијата.
Патникот се обидел да влезе во пилотската кабина набрзо по полетувањето на авионот од Лион, изјави за „Франс прес“ претставник на „ИзиЏет“.
Другите патници го задржале додека авионот не се вратил на аеродромот, каде што бил приведен, соопшти француската полиција.
Медицинските прегледи потврдија дека 26-годишниот португалски патник страдал од гадење и делириум, според полициските записи.
Патникот бил однесен во болница, а потоа авионот повторно полетал за Порто, каде што слета доцна навечер, додаде авиокомпанијата.
.