Инцидент на јавен настан во САД: Застрелан е Чарли Кирк, конзервативен инфлуенсер и сојузник на Трамп

41
Фото:википедија

Сојузникот на Трамп, Чарли Кирк, бил застрелан на настан во Јута, изјави извор запознаен со ситуацијата.

Тежината на повредите на Кирк во моментов не е позната, објави „Си-ен-ен“.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека Кирк бил застрелан на кампусот на Универзитетот Јута Вали.

Чарли Кирк е американски политички активист и основач на Turning Point USA, организација која промовира конзервативни вредности кај младите луѓе, особено на универзитетските кампуси.

Кирк е близок сојузник на Доналд Трамп и чест гостин во неговите кругови.

Тој јавно го поддржува Трамп и редовно се појавува на настани поврзани со него и Републиканската партија.

Иако нема формална позиција во тимот на Трамп, тој важи за лојален промотор на идеологијата на Трамп, особено кај помладата популација.

Тој е познат по тоа што одржува дебати со студенти на американски колеџи низ САД, а неодамна беше тема на епизода од „Саут парк“ (South Park).

Очигледно, неговиот напаѓач е постар човек, судејќи според снимките од социјалните мрежи.

ФБИ го следи инцидентот на Универзитетот Јута Вали, изјави директорот на агенцијата, Кеш Пател.

„Нашите мисли се со Чарли, неговата сопруга и сите погодени. Агентите наскоро ќе бидат на лице место, а ФБИ истражува“, рече Пател во објава на платформата „Икс“.

Непосредно пред пукањето, Кирк објави за инцидентот на универзитетот.

Доналд Трамп се огласи и на „Трут соушал“ (Truth Social).

„Сите треба да се молиме за Чарли, кој беше застрелан. Тој е одличен човек, од глава до пети. Нека го благослови Бог“, напиша Трамп.

ИЗДВОЕНИ