Романскиот претседателски кандидат и лидер на ултранационалистичката партија Алијанса за единство на Романците, Ѓеорѓе Симион, и кандидатот на минатогодишните поништени избори, Калин Георгеску, беа изнесени од гласачко место во Могосоаја (предградие на Букурешт) од страна на полицијата.
Симион и Ѓорѓеску сакаа да дадат изјави на гласачкото место веднаш по гласањето, што е забрането со закон.
Полицаецот ги информирал политичарите дека јавните настапи се забранети на гласачките места, по што биле принудени да излезат во ходникот на училиштето, каде што се наоѓало гласачкото место.
🇷🇴 Simion i Đorđescu próbowali złożyć oświadczenie mediom po głosowaniu, ale uniemożliwiła im to policja pic.twitter.com/iDhAUUZ4pY
— Małgorzata (@Magorza69024048) May 18, 2025
Откако го напушти гласачкото место, Ѓорѓеску им рече на новинарите дека гласал „за христијанска Романија“ и „семејни вредности“.
На Калин Ѓорѓеску, ултранационалистички политичар и поранешен кандидат за претседател на Романија, му беше забрането да учествува на претседателските избори во 2025 година откако властите утврдија дека неговата претходна кампања била под влијание на странско мешање и неправилности во финансирањето.
На претседателските избори во ноември 2024 година, Ѓорѓеску неочекувано освои најмногу гласови во првиот круг, но романскиот Уставен суд ги поништи резултатите од изборите на 6 декември 2024 година, наведувајќи докази за руско мешање во кампањата, вклучително и користење на стотици сметки на ТикТок за негова промоција, како и непријавени донации во износ од околу еден милион евра.