Пожар избувна рано наутро во вторник во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, северна Грција, објави грчки „Екатимереини“.
Пожарот избувнал додека автобусот се движел на автопатот Патра-Атина-Солун-Евзони. Сите тројца патници и возачот излегле од возилото на време, додека автобусот бил целосно уништен од пожарот.
Противпожарната служба реагирала за да го изгасне пожарот и го истражува инцидентот.












