Инцидент на аеродромот во Единбург: Авион на „Рајанер“ удри во цистерна за гориво – патниците веднаш беа евакуирани

28

Авион на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ на лет до Португалија денес удри во резервоар за гориво на аеродромот во Единбург, поради што патниците беа евакуирани, изјави портпаролот на аеродромот, додавајќи дека во судирот немало пожар.

„Беше ужасно, пилотот се обиде да ја смири ситуацијата преку звучникот и да се преправа дека не е толку сериозна како што изгледаше. Тие повеќе не можат да го користат авионот. Авионот штотуку почна да се движи кон пистата кога удрил во цистерната“, изјавил еден од патниците, според порталот GB News.

Портпаролот на аеродромот во Единбург потврди дека инцидентот се случил, но ги негираше тврдењата дека судирот предизвикал пожар, додавајќи дека немало влијание врз работењето на аеродромот.

Портпаролот на Шкотската противпожарна и спасувачка служба потврди дека биле контактирани откако авионот се судрил со цистерна за гориво.

ИЗДВОЕНИ