Инцидент во Виница: При полициска интервенција на градскиот базен затекнати малолетници со алколол – нападнати полицајци

139

На 02/03.08.2025 во времето од 23:50 часот до 02:00 часот, постапувајќи по претходно подготвен план, полициски службеници од СВР Штип во содејство со инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, од Државен пазарен инспекторат, од Трудов инспекторат, од Управа за јавни приходи и Центар за јавно здравје-Кочани, извршија контрола врз работењето на угостителски објект (Градски базен) во Виница.

При тоа, легитимирани се 19 лица, а извршен е преглед врз осум лица, а од страна на полициските службеници во објектот беа затекнати и три малолетни лица, од кои две на 16 годишна возраст од Виница и едно на 14 годишна возраст од Кочани, како конзумираат алкохолни пијалоци. Известен е јавен обвинител од ОЈО Кочани и по негови насоки поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на деца“ по чл. 204 од КЗ на РСМ, од лицата, во присуство на родител/старател, земени се изјави, материјал за анализи и извршено е алкотестирање.

При вршењето на контролата од страна на У.М. (34) од Виница прво вербално, а потоа и физички биле нападнати двајца полициски службеници, по што У.М. се дал во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Покрај ова и од страна на Државниот инспекторат за труд при контролата констатирани се прекршоци во делот на нерегулирани работни односи на дел од вработените во угостителскиот објект.

ИЗДВОЕНИ