петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА Ина Многуфина за малолетниците што откорнале клупа, па ја возеле на тротинет

Ина Многуфина за малолетниците што откорнале клупа, па ја возеле на тротинет

222

Познатата инфлуенсерка, Ина Многуфина, реагира на „Фејсбук“ за, како што вели, трендот малолетници да уништуваат урбана опрема и за немањето родителска грижа.

– Овој тренд на малолетници што уништуваат урбана опрема никогаш нема да престане додека нивните родители не бидат фактурирани да ја платат и плус уште една, па малку да поодат во Социјално со децата и ред други работи, па да чистат по општина малку корисна работа. Откорнале клупа, па ја возеле на тротинети, демек тоа е нешто за браво, па се објавиле за да видат сите колку се „откачени“. Деликвенти без родителска грижа – напиша Ина.

 

ИЗДВОЕНИ