Ина Многуфина за малолетниците што откорнале клупа, па ја возеле на тротинет

58

Познатата инфлуенсерка, Ина Многуфина, реагира на „Фејсбук“ за, како што вели, трендот малолетници да уништуваат урбана опрема и за немањето родителска грижа.

– Овој тренд на малолетници што уништуваат урбана опрема никогаш нема да престане додека нивните родители не бидат фактурирани да ја платат и плус уште една, па малку да поодат во Социјално со децата и ред други работи, па да чистат по општина малку корисна работа. Откорнале клупа, па ја возеле на тротинети, демек тоа е нешто за браво, па се објавиле за да видат сите колку се „откачени“. Деликвенти без родителска грижа – напиша Ина.

 

ИЗДВОЕНИ