Гитаристот, професор, композитор и аранжер Кристијан Волчев почина на 36 години. Тој беше талентиран музичар и врвен уметник, а публиката најмногу го памети како гитарист на алтернативниот рок-состав „Греј“.

– Неговите аранжмани на народните македонски песни „Јовано, Јованке“ и „Со маки сум се родила“ се музичко богатство што останува во македонската култура –  велат неговите колеги.

Како професор по класична гитара, Волчев ги инспирираше младите да веруваат во музиката.

Волчев (роден во Скопје, во 1988 година), беше класично образован уметник (ДСУ „Никола Карев“), кој преку својата музика ги спои класичната гитара и современиот звук. Неговиот гитарски печат остана препознатлив кај новите генерации.

Во 2022 година, го издаде EP-албумот „Synesthesia Live In Skopje“, на кои мајсторски ги спои класичната гитара и кросовер-звукот.

ИЗДВОЕНИ