недела, март 1, 2026
Дома СКОПСКА Импровизирани куќарки за заштита на бездомните кучиња од студ

Импровизирани куќарки за заштита на бездомните кучиња од студ

890

Хумани жители на Капиштец со дело покажаа дека може и поинаку кога се бездомните кучиња во прашање.

Во близина на Цветниот пазар, тие им поставиле импровизирани куќарки за да имаат каде да се засолнат од зимскиот студ. Честа слика кога поминувате покрај овој дел од градот е и храната што им ја носат граѓаните на кучињата, кои пријателски мавтаат со опашките.

– Не малтретирајте ги! Ако можете, нахранете ги и тие никогаш нема да ви наштетат – е пораката од жителите на Капиштец.

 

ИЗДВОЕНИ