
Светскиот тениски рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер, откако стигна до третото коло на Вимблдон, објасни зошто поминал подобро од сите негови колеги кои имале проблеми со допинг, а за тоа се виновни и други. Синер двапати беше позитивен на тестот на Индијан Велс 2024, но се извлече само со тримесечна суспензија и беше блиску до тоа да го избегне и тоа. И тој, исто така, се согласи да ја отслужи казната кога му одговара, да не прескокне ниту еден грен-слем.
Еден полски новинар го спореди случајот на Синер со Камил Мајржак, полски тенисер кој беше суспендиран 13 месеци, иако и тој беше прогласен за невин. Кога беше замолен да ја објасни разликата во должината на казната и третманот, најдобриот тенисер на светот објасни:
– Благодарение на парите што ги имам, можев да ангажирам подобар адвокат. Другите тенисери немаа толку пари – рече тој. Не добив никаква привилегирана позиција, едноставно, мојот адвокат си ја заврши работата подобро од другите. Знам дека и претходно имало контроверзни одлуки, но мојот случај е анализиран детално неколку пати и мојата невиност беше секогаш докажана, кажа Италијанецот.
На прашањето дали се согласува да формира фонд за тенисери со малку пари за да имаат и тие најдобра одбрана, Италијанецот вели:
– Доколку помогне, со задоволство ќе го сторам тоа. Повторувам, да ми се случеше нешто слично кога имав 18 години, веројатно немаше да можам да се бранам како сега затоа што тогаш немав пари. Веројатно ќе бев во иста ситуација како и другите. Сега имав пари да ангажирам одличен тим адвокати да ме бранат.
Во второто коло, Синер лесно го победи Александар Вукиќ од Австралија, инаку Црногорец – 6:1, 6:1, а во третото коло ќе игра против Шпанецот Мартинез.