Поранешниот НБА-кошаркар Иман Шамперт, вели дека не е многу добро да се биде во ист тим со Леброн Џејмс. Двајцата беа шампиони на НБА во 2016 година, со Кливленд.

  • Навистина е ужасно! Со тоа доаѓа огромен притисок, бидејќи мора да победуваш секој пат кога одиш на борилиштето. Од него секогаш се очекува да биде на врвот – рече Шамперт.

Шамперт беше еден од клучните играчи во тимот на Кавалирс во 2016 година. Тој имаше просек од 5,8 поени, 3,8 скока и 1,7 асистенции. Двајцата играа заедно за Кливленд од 2015 до 2018 година. Потоа Шамперт играше за Сакраменто, Хјустон и за Бруклин, каде што ја заврши кариерата во 2021 година.

ИЗДВОЕНИ