среда, јануари 21, 2026
Дома СВЕТ Имаме тајно оружје, непознато за остатокот од светот, тврди Трамп

Имаме тајно оружје, непознато за остатокот од светот, тврди Трамп

60
EPA/BONNIE CASH / POOL

Соединетите Американски Држави имаат тајно оружје непознато за остатокот од светот, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој, исто така, изјави за телевизијата „Њуз Нејшн“ дека тајното оружје сè уште треба да се чува во тајност.

„Имаме оружје за кое никој не знае и велам дека веројатно е најдобро да не зборуваме за тоа, но имаме некои неверојатни видови оружје“, рече Трамп.

Прашањето на новинарот, по кое Трамп се пофали дека САД имаат тајно оружје, се однесуваше на американската операција во Венецуела.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека се очекува објаснување за тоа што мислел американскиот претседател Доналд Трамп кога зборувал за тајно оружје за кое никој не знае.

„Во овој случај, веројатно ќе мора да слушнеме појаснувања за тоа што точно мислел американскиот претседател“, им рече Песков на новинарите, пренесува РИА Новости.

ИЗДВОЕНИ