Поднесена е кривична пријава и одземени се возилата на возачи од Охрид кои предизвикале сообраќајна несреќа, а при тоа имале изречени забрани за возење, едниот бил и под дејство на алкохол
МВР денеска соопшти дека на 04.02.2026 во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.П. (37) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(35) од Охрид.
-По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Исто така, и Ј.П. има една забрана за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на В.В.М. и Ј.П. и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“ – се наведува во информацијата.












