
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа петтото место на најновата АТП листата со 4.580 поени. Во рамките на првите 10 позиции на АТП листата, Австралијанецот Алекс де Минор и Американецот Бен Шелтон ги сменија местата. Де Минор се искачи на шестото место, додека Шелтон падна на седмата позиција.
На првите 10 места на АТП листата, Британецот Џек Дрејпер и Данецот Холгер Руне беа заменети со Норвежанецот Каспер Руд и Канаѓанецот Феликс Аугер-Алиасим.
Норвежанецот и канадскиот тенисер го подобрија својот ранг за две позиции, Руд сега е деветтиот играч во светот, додека Аугер-Алиасим го зазема 10-то место. Од друга страна, Дрејпер падна на 11-то место, додека Руне сега е на 12-та позиција. Прв е сè уште Шпанецот Карлос Алкараз со 11.340 поени, пред Италијанецот Јаник Синер со 10.500 поени и Германецот Александар Зверев со 6.160 поени.





