Народната банка настојува инфлацијата да ја сведе под три проценти, а за тоа има охрабрувачки сигнали од страна на Владата, смета гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.
– Сакаме инфлацијата да се симне под три проценти. Има охрабрувачки сигнали од страна на Владата, помалку популизам од аспект на притисоците запораст на платите. Најверојатно до крајот на годината ќе има напори и мерки и Буџетот да се вклопи во рамки на она што е буџетскиот дефицит, од аспект на трошењата. Тоа е фискалниот аспект. А, сето ова што ние го правиме со дополнителни макропрудентни мерки, претпазливоста од аспект на основната каматна стапка на благајничките записи, која ја немаме променето од јануари, е во насока на намалување на инфлацијата на прифатливо ниво. А, тоа е кога нема да ги тангира луѓето. Ќе има блага, ползечка инфлација околу два процента, која нема да ја перципираме и нема да влијае на нашите одлуки и на очекувањата – објасни Славески.