недела, февруари 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Има нови траги за центрите на моќ

Има нови траги за центрите на моќ

МВР постапува по индициите за хибриден напад

73

Министерот за внатрешни работи уште еднаш потврдува дека има докази за хибриден напад во изминатите неколку месеци, од повеќе страни и на повеќе полиња, но повторно не сакаше да сподели повеќе информации за јавноста во врска со истрагата.

Прашањето дали земјава е цел на хибриден напад се наметна во последниот период по неколкуте пожари на депонии во главниот град. Претставници на власта излегоа со тврдења дека Владата е дел од ваков тип на напади. Премиерот Христијан Мицкоски по пожарот во Трубарево изјави дека информациите  ги добил од службите,дека зад нападите стојат центри на моќ од државата и надвор од неа.

Во однос на хибридните закани, Тошковски рече дека е факт оти во Македонија изминатите неколку месеци има хибриден напад, кој доаѓа од повеќе страни и е на повеќе полиња.

„Хрибридни закани е поим којшто многу често се користи во рамки на научната мисла и во рамки на праксата, особено од страна на безбедносните служби. Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци, од повеќе страни, на повеќе полиња. Имаме загрозување на одредени витални точки во државата. Тоа сите го гледаме, тоа го гледам македонскиот народ, тоа го гледате вие новинарите, тоа го гледаат и институциите. Дали постапуваме? Постапуваме. Дали можам да изнесам дополнително информации во јавност во овој момент? Не“,изјави министерот за внатрешни работи.

На прашањето дали има некоја нова трага и нови осомничени во однос на центрите за моќ за кои говореше премиерот, Тошковски кратко одговори: „Да, имаме“.

 

ИЗДВОЕНИ