Нов земјотрес го погоди подрачјето на Мостар во Босна и Херцеговина.
Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Мостар во Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Ова е втор земјотрес на истата локација во рок од два часа од првиот, кој се случи денес попладне кратко по 16 часот.
Епицентарот и на вториот и на првиот земјотрес е регистриран во близина на Мостар. Магнитудата на првиот земјотрес била 3,3 степени според Рихтеровата скала.
Засега не е познато дали има повредени или колку материјална штета е предизвикана.











