Илон Маск, извршниот директор на Тесла, е првата личност во историјата чие богатство е повеќе од 500 милијарди долари (околу 425 милијарди евра). Богатството на Маск накратко достигна 500,1 милијарда долари во попладневните часови на 1 октомври, по њујоршко време, пред малку да падне на нешто над 499 милијарди долари, според листата на милијардери на Форбс.
Покрај Тесла, се зголемија и вредностите на другите компании на Маск, како што се стартапот за вештачка интелигенција xAI и SpaceX.
Сето ова дополнително го зацврстува статусот на Маск како најбогат човек во светот, далеку пред неговите конкуренти во глобалниот технолошки сектор.
Вториот најбогат човек во светот моментално е Лери Елисон, основач на технолошката компанија Oracle, чие богатство се проценува на околу 350,7 милијарди долари.
Елисон накратко го престигна Маск минатиот месец, кога акциите на „Оракл“ скокнаа за повеќе од 40 проценти по оптимистичките деловни прогнози во областа на облачната инфраструктура и вештачката интелигенција.
Огромното богатство на Маск е главно поврзано со неговиот удел од повеќе од 12 проценти во „Тесла“, чии акции значително пораснаа оваа година.
Акциите на „Тесла“ пораснаа за повеќе од 3,3 проценти на затворањето на тргувањето во Њујорк во среда и забележаа раст од повеќе од 20 проценти од почетокот на годината.