Илон Маск, веќе еден од најбогатите луѓе во светот, а би можел да стане првиот билионер во историјата ако акционерите на Тесла одобрат нов, исклучително амбициозен пакет плати што му го отвора патот до незамисливо богатство, пишува CNN.
Еден билион долари е број со дванаесет нули. Ова значи дека богатството на Маск би надминало 1.000 милијарди долари, што е повеќе од годишниот БДП на Германија, па дури и повеќе од целиот светски воен буџет.
Предлогот предвидува дека Маск би Илон Маск би можел да стане првиот милијардер во историјатаможел да добие дополнителни 423,7 милиони акции на Тесла. Според денешната вредност на берзата, овие акции би вределе импресивни 143,5 милијарди долари.
Сепак, Маск нема да го добие овој бонус без да постигне речиси неверојатни деловни резултати. За да ги добие сите акции во пакетот, пазарната вредност на Тесла мора да достигне вртоглави 8,5 билиони долари. За споредба, моменталната пазарна капитализација на компанијата е 1,1 билион долари, а целта е околу двојно поголема од вредноста на Nvidia, која моментално е највредната компанија во светот.
По објавувањето на оваа вест, акциите на Tesla забележаа мало зголемување во претпазарното тргување.