„Илјада за илјада“ – Песков: Украина ѝ предаде на Русија список со воени заробеници за размена

98
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Украина ѝ предаде на Русија список за размена на воени заробеници во формат „илјада за илјада“, изјави денеска за Интерфакс портпаролот на Кремљ.

Тој претходно денеска изјави дека Кремљ ја предал својата листа на украинската страна, додавајќи дека подготовките за размена се во тек.

Тој истакна дека ова е трудоинтензивен процес кој вклучува разгледување на конкретни имиња на затвореници.

Песков додаде дека иако процесот е во тек, се работи на негово спроведување што е можно побрзо.

„Се разбира, потребно е одредено време за да се организира оваа работа, но сите се заинтересирани тоа да се направи што е можно побрзо“, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали размената ќе се изврши уште оваа недела.

ИЗДВОЕНИ