„Икс“: Емотиконот со иранско знаме е заменет со знамето на старата иранска монархија

103

Социјалната мрежа „Икс“ официјално го смени емотиконот со иранско знаме во знамето на старата иранска монархија, но само на нејзината веб-верзија. Ова доведе до необични објави, бидејќи емотиконите беа автоматски прилагодени, објави „Скај њуз“.

Старите објави на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, одеднаш го покажаа знамето на монархијата од пред Исламската револуција, кое прикажува лав со меч и стилизирано сонце.

Во исто време, нови објави од промонархистичката опозиција што го користат ажурираното иранско знаме се појавуваат со знамето на Исламската Република на мобилната апликација.

Платформата „Икс“ е во сопственост на американскиот милијардер Елон Маск.

Протестите во Иран започнаа кон крајот на декември 2025 година поради девалвацијата на локалната валута, иранскиот риал. Главниот фокус на протестите беа острите флуктуации на девизниот курс и неговото влијание врз цените на големо и мало.

Видео од демонстрантите во Техеран и други градови се појавија на социјалните медиуми. Во овој контекст, шефот на Централната банка на Иран, Мохамед Фарзин, поднесе оставка и беше заменет од Абдолнасер Хемати.

Во неколку ирански градови, протестите ескалираа во судири со полицијата и беа придружени со скандирања против сегашниот политички систем, објави „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ