Неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија беше едногласно избран за нов митрополит Дебарско-кичевски.
Тронот на Дебарско-кичевската епархија остана упразнет по упокојувањето на Митрополитот Тимотеј во ноември минатата година.
Денот на ракополагањето во епископски чин на игуменот Георгиј ќе биде дополнително објавен.
Владиците на МПЦ – ОА се собираат за да извршат избор на нов Дебарско кичевски митрополит