Играчката што го освои светот се повлекува од продажба: Опасна е за децата!

176
screenshot video

Европскиот систем за размена на информации за небезбедни производи на единствениот европски пазар (RAPEX) нареди повлекување од продажба и уништување на лажните кукли од популарниот бренд Labubu што го освои светот оваа година.

Издадено е посебно предупредување за плишани кукли во форма на чудовишта со метален прстен во светло кафеава боја, кои се произведуваат во Кина и можат да предизвикаат задушување или алергиски реакции.

„На производот има мал дел што лесно може да се свитка (метален прстен). Мало дете може да го проголта и да се задуши. Покрај тоа, пластиката од која е направена играчката има прекумерна концентрација на бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) и дибутил фталат (DBP). Овие соединенија можат да му наштетат на здравјето и да го оштетат репродуктивниот систем.

„Производот не ги исполнува барањата на Директивата за безбедност на играчки“, соопшти RAPEX.

Куклите Labubu станаа глобален феномен поради нивниот необичен изглед и ексклузивноста на „blind box систем“ бидејќи кога ќе го купите, навистина не знаете која верзија ќе биде во кутијата. Тоа е плишан гремлин со широка, понекогаш малку застрашувачка насмевка, која многу љубители на модата ја носат како привезок на дизајнерски чанти. Но, овие суштества инспирирани од виленици се популарни и кај децата.

Плишаните Labubu ги дистрибуира кинеската компанија Pop Mart, а пазарот е преплавен со фалсификати кои можат да се препознаат по различниот број на заби, бојата на образите и други карактеристики.

ИЗДВОЕНИ