Вознемирувачката вест доаѓа од НЦАА, поточно од Универзитетот Алабама во Бирмингем. Според „ЕСПН“, еден фудбалер на УАБ нападнал двајца свои соиграчи со нож во тренинг-центарот, само неколку часа пред натпреварот против Јужна Флорида.
Напаѓачот, чиј идентитет не е објавен, веднаш бил приведен, додека повредените играчи биле итно префрлени во болница. Нивната состојба е стабилна, соопшти универзитетската администрација, која не ги откри имињата на учесниците во инцидентот.
И покрај сè, УАБ не го одложи натпреварот и тимот ќе излезе на теренот во закажаното време. Истрагата е во тек, а колеџот вели дека безбедноста на спортистите е нивниот апсолутен приоритет.











