
Шокантни сцени доаѓаат од Еквадор. Во градот Гвајакил, фудбалерот Марио Пинеида беше брутално убиен и тоа пред месарница, а до него беше убиена и непозната жена.
Иако се зборуваше дека станува збор за неговата сопруга, на крајот, беше утврдено дека во моментот на неговата смрт, Пинеида стоел до непозната жена која била убиена, а неговата мајка била повредена во нападот.
Сликите што доаѓаат од Гвајакил се навистина застрашувачки, а неговиот тим Барселона ја потврди ненадејната смрт на фудбалерот.
„Барселона со жалење ја информира јавноста дека нашиот играч Марио Пинеида почина во напад. Оваа ужасна вест длабоко нè вознемири сите нас кои сме дел од овој тим“, се вели во краткото соопштение на Барселона.
Полицијата започна истрага за убиствата, но засега нема информации кој би можел да биде сторителот. Неговите соиграчи набрзо пристигнаа на местото на трагедијата, видливо вознемирени од она што се случило.
Марио Пинеида стана член на Барселона во 2016 година, а пристигна од редовите на Индепендиенте ДВ.
Со години играше за тимот од Гвајакил, а кратки префрлувања имаше во бразилските Флуминенсе и Ел Насионал. Дресот на Барса го носеше дури 224 пати.
Тој не беше човек кој често постигнуваше голови. Постигна само седум погодоци на повеќе од 400 натпревари, колку што одигра во својата кариера, имаше 17 асистенции, но она што го разликуваше беше неверојатниот борбен дух.
Во актуелната сезона одигра 14 натпревари, но со месеци седеше на клупата. Поради ова, се подготвуваше повторно да го напушти клубот.
За жал, нема да доживее да види нов тим, но ниту нов настап за Барса. Беше брутално убиен сред бел ден на само 33-годишна возраст.
Одигра девет натпревари за еквадорската репрезентација, а на почетокот од кариерата беше дел и од младата репрезентација на Еквадор.
Ова е, дефинитивно, уште еден црн ден за фудбалот, а имаше доста такви во изминатата година.











