Олимпик Лион и официјално испадна во Втората француска лига. Еден од најтрофејните тимови во оваа земја е казнет поради огромни долгови, но ништо не е завршено бидејќи има право на жалба.
Лион е во огромни долгови, некои проценки велат дека должи 500.000.000 евра, па така неодамна му го продаде Рајан Шерки на Манчестер сити во обид да се извлече од проблемите. Не успеа, па ќе видиме дали ќе може да се извлече на Апелациониот суд.
Минатата сезона, Лион заврши на шестото место во Лига 1, стигнаа далеку во Европа, но не му помогна тоа да се ослободи од долговите. Сега, можеби, ќе се обиде да ги продаде играчите како Џорџ Микаутадѕе за да остане во најквалитетната лига.
Олимписката генерација предводена од Жунињо Пернанбучано успеа и освои седум титули во Франција, а последниот пат кога играше овој клуб во Втората лига беше кон крајот на осумдесеттите години. Тие имаат освоено пет купа, еден Лига куп и двапати играа во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во текот на тие години, дел од клубот беа: Микаел Есиен, Сидни Гову, Грегори Купе, Флоран Малуда, Карим Бензема, Лисандро Лопез, Хатем Бен Арфа, Уго Љорис…