Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, изминатиот викенд, во Бузет, Хрватска, ја возеше својата 200. трка во кариерата и ја заврши сезоната во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (ЕХЦ) на одличното трето место во групата 1. Со своето „ферари“, тој подготви вистинско шоу за публиката на последната трка, која, традиционално, собира голем број љубители на мотоспортот. Поддршка доби и од бројните Македонци, кои дојдоа специјално во Хрватска за да го бодрат.

  • Завршен е Бузет. Феноменална трка и атмосфера. Горд сум што многу луѓе од Македонија беа таму. Третото место во групата 1 во финалната класификација во овој шампионат е голем успех за мене и за мојата Македонија. Сезоната беше долга, со многу предизвици, но и со пиедестали, победи и со убави моменти. Завршени се 11 трки низ цела Европа. Имавме преубава тркачка сезона. Имав вистински добра борба со моите конкуренти, приредивме вистинско шоу за публиката, верувам дека ќе го паметат, затоа што не се постигнати вакви времиња и вакви возења на ниедна друга трка – истакна Стефановски.

ИЗДВОЕНИ